Туберкулозата е заразна болест предизвикана од mucobacterium tuberculosis кој ја открил Роберт Кох (1882) и во негова чест уште се нарекува Кохов бацил. Ако не се лекува годишно секој заболен со активна форма на болеста може да зарази 10-15 лица. Ова е болест на сиромашните, најчесто млади во продуктивниот период на животот. Покрај овој тип откриен е и bovin tip (говедски туберкулозен бацил). Болеста може да се развие непосредно после зараза во акутен облик, меѓутоа почесто се развива покасно после заразата како субакутно, хронично, долготрајно заболување. Од ТБЦ најчесто заболуваат белите дробови, лимфните жлезди, плеврата, а поретко менингите, коски и зглобови, бубрези, гениталиите кај жената.
Бактеријата на ТБЦ е изразито аеробна бактерија, која не може да живее, а посебно да се размножува без доволна количина на кислород. Се размножува главно во живиот организам на човекот и животните или во вештачки средини во кои се створени услови слични како оние кај човекот. Ако во ткивото не се наоѓа кислород и хемиски состојки потребни за живот брзо угинува. Бaктериите на туберкулозата се размножуваат многу споро со пречна делба во време од 18-24 часа па и до неколку дена.
Најчест извор на зараза е исплувокот од болниот од туберкулоза. Процентот на заразени и степенот на заболени зависи од бројот и количината на бацилите во воздухот и како последно должината на изложеност (во домот постојано или привремено, надвор од домот). Иако опишаните случаи на остварена зараза се во многу краток временски интервал во во допир со болниот, сепак е потребно значајно подолго време на експозиција за заразата да се оствари. За деца кои спиеле во иста соба со болен од туберкулоза на плуќа, во чии спутум се наоѓале BK наоди на дирекна микроскопија се наведува дека можноста за заразата била 27.5%, ако во ноќта болниот кашлал помалку од 12 пати, а 48% ако кашлал повеќе пати. Покрај плуќата како извор на заразата можат да бидат и секрет од жлездена фистула или заболени коски и зглобови, посебно урина, утеро вагинален секрет, а исто така и млекото од крави заболени од туберкулоза на вимето.
Пат на инфекција
Заразата воглавно се остварува преку органите за дишење, со вдишување на ситни капки заразени со туберкулозната бактерија – FLUGGEOVI капки, поретко преку прашина, преку органите за варење воглавно преку танкото црево, а многу поретко преку останатите слузници (нос, око, усна шуплина, крајници, средно уво, вагина). Кога капките ќе стасаат во бронхиалното стебло, бактериите овде доаѓаат до бројни препреки (трепкаст епител, слуз, и фагоцити (интрацелуларно)) одат во подлабоките делови на бронхиалниот систем. Туберкулозните бактерии, носени од фагоцитите, продираат во мукоцилијарниот слој, до бронхиолите па дури и до самите алвеоли, во кои всушност се остварува заразата. Меѓутоа ако особата е во постојан контакт со извор на заразата, тогаш уште во плеалергиската фаза со секое вдишување внесува бројни бактерии, па иако овие се десеткуваат со повторно вдишување во алвеолите сепак ќе остане значаен број. Према тоа МАСИВНА ЗАРАЗА се остварува само во случаи кога изворот на заразата е стално присутен и тоа во непосреден допир што е случај со семејствата со туберкулозен болен и оскудни стамбени услови. Фагоцитите како уништувачи на туберкулозната бактерија, непосредно се и разнесувачи на бактеријата со посредство на крвотокот (лимфотокот), прво во регионалните лимфни жлезди и слезината, а потоа и во поодалечените органи како горните делови на плуќата, бубрезите, епифизата на коските, мозочната кора. Во текот на интрацелуларно патување на BK можат и да се множат се до воспоставување алергиска реакција, а со ова и имунитет. Со настанувањето на имунитетот доаѓа и до позитивен одговор на заразата, па створените огништа на туберкулозен процес почнуваат и спонтано да се смалуваат, повлекуваат и лечат. Но и покрај опоравувањето од заразата, скоро никогаш не се постигнува потполно излекување, сепак понекаде во некои огништа остануваат смирени (заспани) бактерии. Засега сѐ уште не се во потполност објаснети причините на оваа состојба, како и зошто доаѓа до будење на бактериите и реактивација на процесот во период од неколку недели.
No comments:
Post a Comment