Затемнувањето на Месечината | |
Изминатава ноќ Северната Хемисфера беше сведок на целосното
затемнување на Месечината.
Сенката од Земјата ја засени полната Месечина, настан што е навистина редок, а последен пат се случи пред 3 години. Затемнувањето на Месечината се случува кога Сонцето, Земјата и Месечината ќе се наредат на иста линија, и всушност, Земјата застанува на патот на светлината од Сонцето, попречувајќи ја да ја осветли Месечината.
Но синоќа беше уште поретка случка, каде целосното затемнување на Месечината се случи во ист ден со најкраткиот ден во годината – зимската краткодневица, што последен пат се случило во 1638 година. На подолните слики се гледа целосното затемнување на Месечината, а црвеникавата боја е резултат на честичките прав кои се суспендирани во Земјината атмосфера.
Причината што сенката од Земјата не ја затемнува Месечината целосно е тоа што низ атмосферата на Земјата дел од светлината се одбива, се филтрира и повторно стигнува до Месечината. Ако застанете на Месечината и погледнете кон Земјата за време на овој настан, Земјата ќе биде црна со црвен прстен околу неа.
Во фолклорот, целосното затемнување на Месечината се гледа како лош предзнак. Старите документи го поврзуваат целосното помрачување со глад или смрт на монарсите. Но, во денешно време на затемнувањето на Месечината се гледа како многу интересна појава која, зачудувачки, може да се види и од многу осветлените места во светот.
No comments:
Post a Comment